Дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Протон е вашиот сигурен партнер во областа на дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Како компанија даваме особено значење и внимание на заштита на Вашиот простор од штетници, инсекти и микроорганизми, обезбедувајќи безбедна и здрава околина за Вас и Вашите блиски.
Дезинфекција
Применуваме безбедни и ефикасни методи за уништување на бактерии, вируси и други патогени, ја заштитуваме Вашата околина од инфекции и болести.
Дезинсекција
Нашите услуги за дезинсекција обезбедуваат комплетна заштита од штетни инсекти, вклучувајќи бубашваби, лебарки и многу други.
Дератизација
Применуваме професионални и ефикасни методи за дератизација, што еколошки и безбедно ги уништува глувците и спречува нивно повторно појавување.
Осигурување на заеднички простории
Сите дефекти и непогоди во станбената зграда се дополнително оптоварување на заедничкиот буџет на станарите, а под знак прашалник ја доведуваат секојдневната безбедност на домот.
Како да немате дополнителни трошоци кога е најтешко, а интервенцијата е најпотребна?
Осигурувањето на заедничкиот простор во станбените згради овозможува правилно распределување и користење на буџетот за евентуални несреќни случаи:
- Пожар,
- удар од гром,
- експлозија,
- луња,
- град,
- излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација,
- паѓање на воздушно летало,
- удар од сопствено моторно возило во градежен објект,
- манифестација и демонстрација.
Зависно од понудата, предмет на осигурување може да бидат и лифтовите во зградата, електричната, водоводната и парната инсталација.
Со донесената одлука за осигурување на заедничкиот простор во станбените згради се отвораат бројни поволности за осигурување и на приватниот имот, односно становите на физичките лица.